АТП

Ѓоковиќ по четврт пат најдобар спортист на годината!

51прегледи

Ѓоковиќ по четврт пат го освои признанието Лауреус за најдобар спортист на годината, а претходно го имаше тоа направено и во  2012, 2015 и 2016 година.

Наградата му ја врачи Моника Селеш.

Покрај него за спортист на годината беа уште номинирани шампионот на Формула 1 Луис Хамилтон, НБА кошаркарот Леброн Џејмс, атлетичарот Елиуд Кипчоге и фудбалерите Килијан Мбапе и Лука Модриќ.

Новак, спортската 2018 година ја одбележа со враќање после операцијата на лактот. Во првите шест месеци се мачеше да ја пронајде својата форма, но во продолжение на сезоната освои два гренд слема, Вимблдон и УС Опен и го комплетира Златниот Мастерс.

Leave a Response