АТП

Ѓоковиќ: Го почитувам Цонга, но јас сум оптимист

62прегледи

МЕЛБУРН – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека многу го цени францускиот тенисер Жоа-Вилфред-Цонга, противникот во вториот круг на Австралискиот Опен, и очекува интересен дуел.
Светскиот број 1 успешно го нападна рекордот за 7-ма титула во Мелбурн во првото коло против Мичел Кругер од САД со резултат 6: 3, 6: 2, 6: 2, а во следниот круг, го чека Цонга.
“Тој е одличен тенисер, шампион, некој кој беше успешен и се наоѓаше меѓу првите топ 10 играчи. Тој играше и финале на некои грен слемови … Тој е моќен, добар сервер, има многу оружје и знам што да очекувам. Игравме многу пати еднен против друг, знаев и да губам … Се подготвувам за натпреварот како и за секој друг, секако во однос на противникот, но исто така секогаш и со доза на оптимизам “, рече Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ вели дека, за разлика од минатогодишното доаѓање во Австралија, сега се чувствува многу подобро.
“Ситуацијата е многу поинаква, тогаш имав проблем со мојот лакт, а сега се осеќам многу подобро. Во добра сум позиција, верувам дека можам да продолжам со добри игри “, рече тој.
Тоа ќе биде 23-тиот натпревар помеѓу Ѓоковиќ и Цонга, а резултатот досега е 16-6 во корист на српскиот Ас.

Leave a Response