АТП

Федерер: “Оваа година условите на АО беа поспори од претходно”; Најави и дека ќе игра и на земја.

Jan 18, 2019; Melbourne, AUSTRALIA; Roger Federer of Switzerland defeats Taylor Fritz of the United States on day five of the 2019 Australian Open tennis tournament at Melbourne Park. Mandatory Credit: Pierre Lahalle/Presse Sports via USA TODAY Sports ORIG FILE ID: 20190118_jel_ao5_109.jpg
95прегледи

Федерер беше поразен од Стефанос Циципас со 3:1  во сетови во меч во кој што не искористи ни една од 12 брејк топки.

– Имаше повеќе фактори кои влијаеа на исходот на овој меч. На брејк топките сигурно не беше како што сакав, така да нешто не е во ред со мојот ритрн. Сето тоа беше фрустрирачки за мене. Изгубив од подобар играч кој едноставно беше подобар вечерва. Добро се држеше и остана смирен. На младите играчи не им е стално лесно. – рече швајцарецот и додаде:

– Видете, условите се менуваа во текот на целиот меч. Почнавме во 7, а завршивме ноќе. Стануваше се потешко да го ‘пробијам’ пртивникот. Условите беа поспори годинава во однос на претходната година и не дозволуваа разноврсност, да бидам искрен.

Тој најави дека оваа година ќе игра и на земја, после две години пауза.

– Претходно ги пропуштав турнирите на земја, две години наназад имав и некои физички проблеми и минатата година одлучив да не се појавам на нив. Но оваа година не гледам зошто не би играл.

Leave a Response