АТП

Федерер: Вимблдон најизгледна опција за пензија

43прегледи

37-годишниот тенисер изјави дека зависи од тоа како ќе се чувствува и дека би сакал во пензија отиде здрав:

– Не знам каде тоа би било. Размислував во врска со тоа, но не знам. Мислам дека се ќе се сведи на тоа како ќе се чувствувам, каква ќе биде ситуацијата во семејството, со психата, како ќе се чувствувам кога ќе се разбудам … Можеби кога така ќе почувствувам би одиграл уште неколку турнири, а можеби и наредниот ќе биде пре далеку и не би можел да издржам до него. Би сакал да ја завршам кариерата здрав, да не биде тоа поради повреда. Пред неколку години постоеше опасност поради проблем со коленото, но успеав да се вратам. Би сакал да заминам затоа што јас така би сакал. Немам никаков бајковит завршеток во мојата глава, не мора тоа да биде после некоја титула, не мора да биде ништо големо.

Поранешниот тенисер Штефан Едберг му дал совет на Роџер кој Швајцарецот го послушал:

– Едберг ми кажа да не најавувам пензија на почеток на сезона затоа што тоа не треба така да се прави, така да јас ќе го послушам. Вимблдон ми изгледа како најизгледна опција каде би можел да се пензионирам, но има и други.

Leave a Response