АТП

ТРИ ПРИЧИНИ поради кои Ѓоковиќ ќе победи во Мелбурн по седми пат!

65прегледи

Новак Ѓоковиќ во Мелбурн го напаѓа седмиот трофеј на Австралискиот Опен, првиот Гренд-слем сезонава и со евентуално освојување ќе ги прескокне Ром Емерсон и Рожер Федерер.

1. Неговиот најдобар “SLEM”

Земете ги во предвид сите статистички податоци и речиси сè ќе ви покаже дека ова е најефикасниот грен-слем на кој учествувал Новак Ѓоковиќ. Во 14 настапи во Мелбурн, тој освои 88% од натпреварите (рекорд 61/8), со шест титули, што е најмногу Гренд-слемови на еден турнир.
Речиси половина од учествата ги завршува со освоена титула, а го држи и рекордот кога станува збор за напоредно освојување на титулата во 2011, 2012 и 2013 година.

“Имам посебни врски со ‘Rod Lejver’ арената со години и се надевам дека ќе трае долго време”, рече Ноле по завршувањето на турнирот во 2016 година во која ја прослави прослави титулата во финалето со Енди Мареј.

2. Подлога на која е без конкуренција

Големата тројка на модерниот тенис има свои подлоги, Надал ја сака земјената подлога, Федерер тревната подлога, а Новак бетонската подлога на која се патентирани неговите пролизгувања.
На оваа површина има однос 542/102 во својата кариера, а во историјата на “белите спортови” само 45 играчи на турнирите успеале да освојат 500 или повеќе победи.
Две од секои три титули на најдобрите играчи во светот доаѓаат токму на бетонска подлога, на кој тој се профилираше како голем шампион и владетел на Австралија Опен.

3. НОЛЕ е во налет

Од почетокот на Вимблдон минатата сезона, Ѓоковиќ освои 38 од 42 натпревари, вклучувајќи го и познатиот Синсинати кој постојано се “лизгаше” од неговата рака. Следеше освојувањето на УС Опен, па Шангај и враќање на првото место.
Тој ќе се обиде да стане првиот играч кој успеал три пати да поврзе три или четири грен-слемови во низа.

Тоа му појде од рака во сезоната 2011-12, потоа четири пати во 2015/16, а потоа стана владетел на сите четири големи турнири, кое нешто го немало уште од Род Лејвер во 1969 година.
Сега тој ќе го нападне седмиот трофеј во Мелбурн, а неговата прва пречка ќе му биде Мајкл Кругер, 231-тиот играч на планетата, со кого никогаш не се сретнале до сега.

Leave a Response