ВТА

Со пресврт Квитова славеше во Сиднеј

31прегледи

Осморангираната во светот во финалето триумфираше на домашната тенисерка Ешли Барти, 15. на ВТА листата, со 2:1 во сетови.

Во меч кој траеше 2 часа и 20 минути, Ешли го доби првот сет со убедлив резултат од 6:1, за да во продолжение Квитова направи пресврт. Чехињата вториот сет го освои со 7:5, а во последниот дел од играта славеше после тај брејк во кој резултатот беше 7:3, за триумф во овој дуел.

На Петра ова и е 26. титула во нејзината кариера.

Leave a Response