АТП

“САМО НЕКА ГЛЕДА ЈУТЈУБ!” Ѓоковиќ за следниот ривал: баш убаво што си ја направил домашната задача

25прегледи

Најдобриот тенисер во светот моментално Новак Ѓоковиќ во третиот круг на Австралискиот опен го очекува двобој со перспективниот 19-годишен Денис Шаповалов. Овој Канаѓанин откри необичен начин да се подготви за натпреварот, и набрзо потоа Српскиот ас исто така се огласи по истиот повод.

Шаповалов во најавата за натпреварот објави дека ги гледал дуелите на Рафаел Надал со Ѓоковиќ, бидејќи и канадскиот и шпанскиот играч се леваци. Покрај тоа, тој исто така ќе го гледал видео од финалето во Париз, кога Карен Хачанов го победи Српскиот тенисер.

– Ќе го погледнам она што Хачанов го направи на тој натпревар кога го совлада Новак Ѓоковиќ. Исто така ќе ги гледам натпреварите со Надал, за време на подготовките исто така ги гледам дуелите на Шпанецот со моите противници, бидејќи имам сличен начин на игра како него.”, рече Шаповалов.

Не се чекаше долго време оваа вест да дојде во Новак, а кога го слушна тоа, најнапред се насмеа, а потоа предизвика смеа и кај сите останати во салата.
– Сите имаат пристап до “Јутјуб”. Воопшто не ме загрижува – со насмевка започна Новак.

Потоа тој објасни како се чувствува поради специјалните подготовки што тенисерите им приоѓаат пред натпреварите со него.
– Всушност, мило ми е што го слушам тоа, тоа значи си ја завршил домашна работа, да истражува. Тоа е многу важно за еден млад тенисер. Тој е импресивен, не само како талентиран тенисер, туку поради неговата професионалност, посветеноста, како да се справи со притисокот, како е самоуверен на теренот. Многу импресивно. Го следам него во последните две години затоа што тој е една од ѕвездите на следната генерација, млади тенисери кои многу ветуваат. – заврши Ѓоковиќ.

Leave a Response