АТП

Одличен почеток за ветеранот: Иво Карловиќ се избори за вториот круг во Мелбурн

60прегледи

Повеќе од три часа му требаше на Иво Карловиќ за да го скрши отпорот на полскиот Хуберт Хуркац.
На крајот тој беше подобар во четири сета, а сите четири завршија во тај-брејк.
Во оваа победа Карловиќ имаше 39 аса и 78 винери, Хуркац одигра добро, му создаде многу проблеми на Карловиќ, но сепак Хрватскиот тенисер имаше повеќе искуство и смиреност во клучните моменти.
Во првиот сет немаше прилика за брејк, ниту шанса за двајцата играчи да се одделат резултатски, но сепак одлуката беше донесена во 13 гем каде Хуркац беше подобар со 7: 5
Вториот сет го донесе првиот брејк во натпреварот и тоа при резултат 5: 5 на сервис на Карловиќ, но Хрватскиот тенисер успеа да се извлече, и повторно одлучувачки беше тај-брејкот, овој пат Карловиќ го поведе со 2: 0, и до крајот на сетот не изгуби ниту еден поен на свој сервис и го зеде сетот со 7: 5.
Полскиот тенисер пропушти голема шанса во третиот сет кога направи брејк и го презеде водството со 5: 3, но Карловиќ веднаш се врати и на крајот ги казни Хуркац повторно во тај-брејк со 7: 3. Во четвртиот сет повторно Хуркац имаше можност при резултат 5: 5 беше 15:40 за Полскиот тенисер, но Иво се спаси и со 7: 5 и го зеде сетот.

Во вториот круг Иво Карловиќ ќе игра против Јапонецот Кеј Нишикори.

Leave a Response