ВТА

НОВА ТИТУЛА ВО ДВОЈКИ: Стосур и Џанг нови шампиони на Австралија опен!

32прегледи

Австралиската тенисерка Саманта Стосур и кинескињата Шуџи Џанг ја освоија титулата денес на Австралискиот Опен во натпреварот на двојки.

Стосур и Џанг во финалето ги победија бранителките на титулата, Унгарката Тимеу Бабош и французинката Кристина Младеновиќ со 6: 3, 6: 4 по 1 час и 37 минути игра.

Австралијката ја освои својата трета титула во Гренд слем на двојки, после Ju-es-Open во 2005 и Ролан Гарос во 2006 година, додека Џанг во нејзиното прво големо финале стигна до првиот трофеј.

Leave a Response