АТП

Нишикори за асовите на Карловиќ: “Толку многу асови сервирам во текот на целата годината”

77прегледи

Иво Карловиќ одигра многу добар натпревар против Кеј Нишикори, но тој сепак не успеа да победи. На крајот, Јапонецот славеше во пет сета …

“Беше стварно тежок натпревар кој можеше да оди на двете страни. Бев во проблеми, мислам дека беше 7: 6 во тај-брејкот, но навистина добро ретернирав, бев навистина фокусиран, се концентрирав на тие поени, и многу среќен заради оваа победа.” истакна Нишикори.

Карловиќ погоди дури 59 ас сервиси.

“Толку многу асови сервирам во текот на целата годината”, рече Нишикори, додавајќи: “Тешко е да се игра, многу е фрустрирачки, но мислам дека бев добро концентриран. Третиот и четвртиот сет исто така беа тешки, загубив два лесни гема и одлуката падна во петтиот сет.”

“Мислам дека овој натпревар навистина ќе ми помогне да ја зголемам самодовербата. И двајцата игравме одличен тенис” за крај додаде Кеј Нишикори.

Leave a Response