АТП

Не би можел да победам никој играјќи на една нога

53прегледи

Нишикори натпреварот го предаде во вториот сет при резултат 6:4, 4:1 за Ѓоковиќ.

– Пред натпреварот се беше во ред. Секако, не се осеќав претерано свежо, но мислев дека ќе биде се ОК. После третиот или четвртиот гем кога сервирав, осетив тежина во десната нога. После тоа не можев да го свиткам коленото нити да скокам. Па одлучив да го предадам натпреварот. – рече јапонскиот тенисер и додаде:

– Сигурен сум дека има последица од претходните натпревари, посебно од последниот. Многу се движев, изгубив доста енергија. Веројатно е поради тоа. Разочаран сум. Имав неколку добри натпревари оваа недела. Тешко е кога вака ќе изгубиш.

На прашање на новинарите дали би продолжил да игра доколку од другата страна не беше Новак, шесткратниот шампион на Мелбурн, туку беше некој друг играч, Кеи одговори:

– Па, се трудев. Како што кажав, после неколку гемови не можев да се движам добро, не можев да погодам добро и сервис. Не само Новак, не би можел да победам никој играјќи на една нога. Би било премногу тешко тоа.

Leave a Response