АТП

Енди Мареј во солзи ја најави пензијата: АО е можеби мојот последен турнир!

48прегледи

Британецот рече дека му е тешко да игра со константна болка во колкот која го мачи веќе две години.

– Не се чувствувам добро. Подолго време се мачам и пропатив многу последните 20 месеци. Направив речиси се за да се чувствувам подобро, но не ми помогна. Подобар сум отколку пред 12 месеци, но и натаму чувствувам доста болки. – изјави  Мареј и додаде:

– Морам да ставам точка на играњето затоа што играм, а немам појма кога болката ќе ја снема. Се надевам дека ќе можам да играм до Вимблдон, односно и тој турнир, а после би ја завршил кариерата.

На прашање на новинарите дали постои шанса гренд слем турнирот Австралија опен да му последен турнир во кариерата, тој одговори потврдно.

– Да, постои шанса и за нешто такво. Не сум сигурен дали сум во состојба да играм со болка нови четири или пет месеци. – низ солзи рече Мареј.

Murray во својата кариера има освоено три гренд слема, беше прв играч во светот и ќе остане во историјата како еден од “големата четворка” која ја одбележа оваа тениска ера.

Leave a Response