АТП

Дел Потро се враќа на Делреј Бич

82прегледи

Моментално четвртиот тенисер на светот се пријави на турнирот во Делреј Бич.

Дел Потро ја пропушти завршницата на претходната сезона поради потешка повреда на десното колено, која ја здоби на мастерсот во Шангај. Со тренинзи започна средината на декември, но во оваа година сеуште нема одиграно ниту еден меч.

Иако првично беше планирано Аргентинецот да заигра на Австралија Опен, мораше да го одложи враќањето, па на терен ќе се врати во Делреј Бич за кој доби специјална покана.

Аргентинецот ќе биде прв носител на турнирот, а прв противник ќе му биде Јапонецот Јошихито Нишиока.

Leave a Response