АТП

Виландер: На Федерер AO е единствената шанса за ГС, не знаеме колку е спремен Новак…

18прегледи

Новак во борбата за трофејот во Доха беше надигран од Роберто Баутиста Агут, а Виландер истакнува дека сепак српскиот тенисер е фаворит во Мелбурн.

– Да сум Ѓоковиќ , не би бил загрижен поради поразите во Лондон и Париз. Не се поврзани, овде се игра до три добиени сета и шест пати го има освоено турнирот. Сега се наоѓа во нова ситуација, губи во финалињата, исто така изгуби и од Баутиста Агут, па прашање е колку е навистина спремен? Или тоа беше само случај дека не сакаше да оди до крајни граници? Но, да, ќе биде фаворит на Австралија Опен бидејќи го освои Вимблдон i УС Опен. – изјави Швеѓанецот.

Тој прокоментира и околу шансите на Роџер Федерер, а додаде и дека на Швајцарецот Австралија Опен му е едниствена прилика да освои уште еден гренд слем.

– Сметам дека Мелбурн му е единствената шанса за уште еден гренд слем во овој момент. Ако не се истроши во првите неколку рунди, верувам дека Федерер ќе биде опасен како во најдобрите години. Ако се појави и игра Надал, би рекол дека не оќекува неверојатен турнир во машка конкуренција.

Leave a Response