АТП

АО: Федерер и Чилиќ во второ коло, Баутиста го елиминира Мареј

92прегледи

Моментално третиот тенисер во светот на стартот на првиот гренд слем турнир во годината во три сета го победи Денис Истомин од Узбекистан. Натпреварот траеше два часа, а Швајцарецот беше подобар со резултат 6:3, 6:4, 6:4. Федерер во второ коло се среќава со квалификантот Даниел Еванс кој го елиминира Тацума Иту, исто така квалификант.

Марин Чилиќ, седмиот играч на АТП листата, пласман во второто коло обезбеди со победата над Бернард Томиќ од Австралија. Хрватот триумфира со 3:0 – 6:2, 6:4, 7:6 после два часа игра. Нареден противник му е Американецот Мекензи Мекдоалд кој го надигра Андреј Рубљев.

Британецот Енди Мареј не успеа да се пласира во второто коло на Австралија опен. Него го елиминира шпансиот тенисер Роберто Баутиста Агут. Во маратонскиот дуел кој траеше четири часа и 14 минути, шпанецот славеше со 3:2 – 6:4, 6:4, 6:7, 6:7, 6:2. Роберто следниот дуел ќе го игра против Џон Милман кој го декласираше Федерико Делбонис.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРВОТО КОЛО:

  • Андерсон – Манарино 3:1
  • Еубанкс – Басилашвили 1:3
  • Мох – Албот 1:3
  • Травалија – Андреоци 3:1
  • Кецмановиќ– Вердаско 0:3
  • Гарсија Лопез – Хасе 0:3
  • Циципас – Беретини 3:1
  • Димитров – Типсаревиќ 3:1
  • Тијафо – Гунесваран 3:0
  • Куевас – Лајовиќ 3:0
  • Дакворт – Надал 0:3
  • Кублер – Фабиано 1:3
  • Опелка – Иснер 3:1
  • Молекер – Шварцман 1:3
  • Ито – Еванс 0:3
  • Полманс – Кудла 2:3
  • Гојовчик – Хачанов 1:3
  • Де Минаур – Соуса 3:0
  • Троицки – Карбаљес Баена 3:2
  • Рубљев – Мекдоналд 1:3
  • Баѓиќ – Лаксонен 1:3
  • Едмунд – Бердих 0:3
  • Ебден – Штруф 3:1
  • Сепи – Џонсон 3:1
  • Лопез – Томпсон 0:3
  • Делбонис – Милман 1:3
  • Нишиока – Сендгран 3:1
  • Монфис – Џумхур 3:0
  • Нори – Фриц 0:3
  • Баутиста – Мареј 3:2
  • Чилиќ – Томиќ 3:0
  • Истомин – Федерер 0:3

Leave a Response